Блог е мрежно место на кое се објавуваат датумски определени дополнувања со редовен ритам и се прикажани во обратен хронолошки редослед.Поимот ''блок'' е кратенка од ''web log'' што буквално значи ''мрежен дневник''.
Пишувањето или водењето на блог,или додавање на напис се нарекува ''блогирање''.Oдделните написи на блогот се нарекуваат ''објави'' а личноста која ги објавува се нарекува ''блогер''.Блогот може да се состои од текст,хипертекст,слики,снимки,вески,како и можност за оставање коментари.Некои блогови имаат посебна тема или област која ја покриваат,а други се наменети за дискутирање на лични истуства.
Блоговите може да бидат поставени на посебни служби или да бидат дел од мрежно место кое работи благодарение на посебна блогерска програмска опрема.Блоговите како медиум стекнале популарност и знаење на почетокот на XXI век промовирајки ја идејата за граѓанско новинарство.
